Мал Ајакс од Штип е максимален на врвот од табелата во Втората футсал лига!

По четири одигрни кола во Втората футсал лига на Македонија екипата на Мал Ајакс од Штип е лидер на табелата со максмални 12 бодови на своето конто.

Штипјани одлично ја отворија сезоната со четири победи од четири натпревари со постигнати 21 гол, а примени 11 погодоци.

Во послендното коло Мал Ајакс го доби дербито на колото во Свети Николе над ланскиот прволигаш Овче Поле, за што М Нет телевизија претходно извести.

Мал Ајакс сака да напаѓа и сака влез во Првата футсал лига, а во следното коло штипајни на домашен терен ќе играат против СЕЕ Университи од Тетово.

Во однос на табелата на делба на второто место се Кораби, Балкан и Овче Поле со по девет бодови, по шест бодови имаат Партизан Југ, СЕЕ Университи, Каршиака и Енхалон.

По три бода имаат Победа, ССК СКопје и Конзули, а без бодови Кратово и Карадаку.

Александар Ванев, М-Нет