Македонското оро и знаме се виеја во Р. Србија, дечињата од Истибања со љубов ја презентираа својата традиција

Македонското оро и знаме ја подигна српската публика на нозе, дечињата од виничко Истибања, ги освоија градовите Александровац, Трстеник и Ниш. Презентирајќи ги обичаите и традициите на своите баби, дедовци, прадедовци на овие три локации, членовите од ансамблот Кирка се здобија со благодарници, признанија, громогласни аплаузи и многу пријателства од таму. Како што соопштува нивниот раководител Стојко Митковски за нашата телевизија, неговата мисија е децата да научат да бидат дисциплинирани со култура и традиционални вредности, а потоа бидат презентери на Македонија.

Покрај надвор од државата, дечињата неуморно работата и внатре во неа. Последниот настап во струмичко, им беше поттик за многу работа понатаму и за најмалите.

Инаку, децата од Истибања, се претпознатливи по својата афтентична изведба на нивниот фолклор. Тие и понатаму остануваат чувари на својата традиција од Истибања, имајќи во предвид да ја презентираат со многу љубов ширум светот.

Иван Митев, М-Нет