
Македонска Каменица се приклучи на ракометната карта на Македонија, откако беше формиран ракометен клуб со што малото рударско гратче го доби првиот ракометен клуб, кој ќе го носи името Сокол Саса.
Со формирањето на РК Сокол Саса се зголемува бројот на ракометни клубови во Источна Македонија. Претходно, по анализата на спортската редакција на М Нет телевизија, многу градови во Истокот немаат ниту ракометна школа, ниту пак сениорска екипа, а формирањето на РК Сокол Саса е историски момент за Каменица Саса, а со тоа и се зголемува бројот ракометни клубови во овој дел од Македонија.
Македонска Каменица е спортска средина препознатлива по ФК Каменица Саса клуб кој се натпреваруваше во Втората македонска фудбалска лига, но испадна во Трета лига регион 3, позната и по ЖФК Каменица Саса, поранешен шампион на Македонија и освојувач на Купот на Македонија и претставеник во квалификациите за Лигата на шампионите, тука е и ЖКК Каменица Саса, поранешен шампион и освојувач на Купот, а сега со формирањето на РК Сокол Саса, младите во оваа мало гратче ќе имаат можност да започнат и со ракомет, спорт кој е број еден во Македонија.
Во последниот период беа формирани неколку клубови ширум Македонија, а последниот кој го доби ракометна Македонија е Сокол Саса.
Александар Ванев, М-Нет