
Фудбалската селекција на Македонија У – 21 денес ќе го одигра третиот меч во рамките од групата „Х“ во која се уште селекциите на Украина која засега е прва со 6 бодови, потоа Франција која има 4 бода, колку и третата селекцијата на Фарски острови, но со послаба гол разлика, четврта е Ерменија со 3 бода а на петотото и шестото место се Србија и Македонија со по еден освоен бод. Македонија во првото коло загуби во Франција со 3:0, а дома со Србија одигра нерешено и без голови 0:0. Фарските острови изненадија со нерешениот резултат дома со фаворитот Франција а со 2:0 ја победија Ерменија. Ќе биде тешко за нашата селекција, но со евентуална победа ние би скокнале веднаш во горниот дел на табелата. Во нашата селекција на списокот на селекторот Драган Канатларовски се играчите на Брегалница Јован Манев и голманот Давид Денковски. Инаку европското првенство во фудбал за У-21 ќе се одржи во 2023 г. во Романија и Грузија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk