Македонија преку Димитријевиќ до голема победа над Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра брилијантен квалификациски меч и запиша голема победа над Полска со резултат од 71:96. По лошото издание против Естонија, македонските репрезентативци одиграа одличен меч и дома се враќаат со голема победа.

Полска беше одлична на почетокот од мечот кога имаше водство помалку од пет минути , а потоа следуваше серија на Македонија и дојде до комплетен пресврт и водство за нашата репрезентација.

Избраниците на Александар Јончевски и во второто полувреме, откако на полувреме резултатот беше 38:47 за нашата репрезентација. Полска во последната четвртина направија серија од 7:0 и даваше отпор, меѓутоа без посериозни закани за Македонија, а на крајот исходот беше херојска победа за нашите момци со резултат од 71:96.

Во нашиот состав Ненад Димитријевиќ беше најдобар со 32 поени, седум скокови и осум асистенции, одличен беше и Итан Хап кој забележа 19 поени и седум скока, а 17 поени додаде и Стојан Ѓуровски. Кај Полска најдобар беше Михаил Михалак со 20 поени.

Македонија во овој квалификациски прозор забележа пораз од Естонија, а триумф над Полска. Следните натпревари за Македонија се во ноември. Против Литанија играме дома на 21. ноември, а три дена подоцна одново играме против Литванија но во гости.

Александар Ванев, М-Нет