
Македонската сениорска репрезетнација утре на домашен терен го отвара новиот циклус во Лига Б против Швајцарија. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски, го очекуваат четири натпревари во 11 дена што ќе биде навистина густ распоред.
Ѓорге Џеков првпат е дел од сенироскиот тим на репрезентацијата, вели дека го очекува своето деби во националниот тим.
Според Тихомир Костаиднов максималната подготвеност на секој тренинг и поширокиот ростер ќе бидат особено важни во периодот во кој репрезентацијата ќе одигра четири натпревари за само единаесет дена.
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија стартува во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Александар Ванев, М-Нет