
Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за утрешниот бараж дуел против Данска, меч кој ќе се игра на преполниот „Паркен“ во Копенхаген.
Победа ќе не однесе во финалето од баражот за Светското првенство каде ќе се соочиме со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.
Досега трипати овие две репрезентации се имаат меѓусебно соочено. Првиот меѓусебен дуел меѓу Македонија и Данска беше одигра на 7 септември 1994 година во Скопје, победник немаше, а беа постигнати два гола за конечни 1:1.
Следната година на 26 април Македонија загуби од Данска во гости од 1:0. Двете репрезентации уште еднаш се имаат соочено на пријателски меч кој се одигра на 6 февруари 2013 година кога Македонија со 3:0 ја доби Данска.
Селекторот Гоце Седлоски веќе размислува како Македонија ќе изгледа на утрешниот меч, кој ќе биде стартниот состав и во каква формација ќе истрчаат нашите репрезентативци на стадионот „Паркен“, кој е распродаден до последното седиште.
Инаку, околу 1000 македонски навивачи ќе бидат на стадионот во Копенхаген и ќе даваат силна поддршка за нашите момци да стигнат до еден голем историски успех.
Данска е фаворит на хартија, но Македонија оди по победа среде Копенхаген.
Александар Ванев, М-Нет