Македонија минимално слави над Летонија во Скопје!

ФОТО: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација во меч со многу шанси славеше минимално над Летонија со 1:0.

Стрелец на погодокот беше Никола Серафимов, кој на Националната арена „Тодор Проески“ погоди во 57. минута.

Многу шанси не искористија нашите репрезентативци, Македонија можеше да има уште поубедлива победа во Скопје.

Македонија го потврдува првото место во нашата група, а веќе в недела следува нов меч, кој одново ќе се одигра во Скопје против селекцијата на Фарски Острови.

На овој меч Македонија ќе биде голем фаворит за нов триумф.