
Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа минимален триумф на селекцијата на Лихтенштајн во натпревар од 2. коло на квалификацискиот турнир (Лига Б) за пласман во А лигата квалификации за Е.П.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски вчера остварија многу значајна победа во борбата за висок пласман во групата 1. Сосема заслужено се радувавме на трите бода, со оглед на прикажаната игра во текот на целиот натпревар. Хоџа беше стрелец во 30. минута на единствениот погодок на вчерашната средба.
Нашите млади фудбалери во досегашните две кола имаат освоено четири бода. Во вториот меч од нашата група, Шкотска ја совлада Романија со 2:0.
Во последното трето коло, силите ќе ги одмериме со селекцијата на Романија.
За Македонија настапија: Антониј Трајковски, Кристијан Марковски, Андреј Димовски, Матео Кесиќ, Стефан Секирски, Иво Марковски, Иван Танчев, Ненад Дамјановски, Стефан Бранковски, Дамјан Буцевски, Дитмир Хоџа.