
Доживотна казна затвор за монструмите кои ја убија малата Вања, министерот за првада Кренар Лога вели дека тоа е најмалку што може да им се изрече во моментот. Со оглед на фактот дека смртната казна во државата е забранета согласно Уставот, Лога вели дека до крајот на животот убијците на Вања трба да останат во затвор.
„Сакаме најстрога казна да добијат сите учесници во насатанот и правдата да излезе на виделина. Уставот ја забранува смртната казна, а исто така ние имаме усвоени протоколи каде се забранува смртната казна. Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на страна тие да до крајот на својот живот тешко да живеат во затвор“ – вели Лога.
Лога посочи дека за вакви настани треба да се изркува најстрогата казна, оти во прашање е убиство а пред се убиство на дете. Денеска истакна дека верува во институциите и дека ќе се изречат заслужените казни.
Лаура Стојанова М-Нет