
Лицата кој планираат да учествуваат на штандовите на штипската пастрамалијада треба да поднесат навреме барање до управата за јавни приходи пред почетокот на настанот. Барањето се пополнува и поднесува на лесен начин и во него е потребно се пополни име, презиме, матичен број, како и барањето за временски карактер, истака виш даночниот извршител на управата за јавни приходи Маре Данкова за М-нет телевизија.
“Во моментот точно дека штипската пастрамајлија е нај актуелна во градот Штип, што значи дека сите оние физички лица кој планираат да учествуваат на штандовите имаат обврска да достават вакво барање до управата за јавни приходи пред почетокот на настанот. Барањето се пополнува и поднесува на многу лесен и едноставен начин, како име, презиме, матичен број и се штиклира барањето дека е за временски карактер. Врз основа на барањето за јавни приходи и одделението за утврдување на даноци изготвува решение,а истото со прилог на налози го доставува до поднесителот на барањето.“, истакна Данкова
Со почитувањето на законот за регистрирање, правните лица го подобруваат својот бизнис, заштитуваат својот имиџ и дирекно ги избегнуваат казните, вели Данкова
“Доколку се почитува законот за регистрирање на готовинското плаќање, односно доколку правните лица извадат фискални сметки со тоа дирекно го подобруваат животниот стандард на граѓаните, го подобруват својот бизнис, заштитуват својо имиџ и ги избегнуват казните“, додава Данкова
Инаку, во управата за јавни приходи веќе има пристигнато барања и понатаму тие аплеираат останатите вршители на дејност кој ќе учествуваат на пастрамалијадата во следниот времеснки период да ги достават барањата, за да управата им ги достави решенијата, за да не се дојде до несакани последици.
Лаура Стојанова, М-Нет