
Овој викенд ќе се играат натпреварите од 10. коло на Втората женска фудбалска лига, а колото се отвара денес со мечот меѓу дебитантот Слободен и апсолутниот фаворит Вардар.
Утре, Борец на домашен терен ќе игра повеќе од тешка задача против големиот фаворит Билјанини Извори и речиси сигурно трите бодови ќе заминат во Охрид.
Во Радовиш соочување на Плачковица и лидерот Кочани, каде гостинот ќе биде голем фаворит за нов триумф кој би бил деветти, а со тоа Кочани ќе биде чекор поблиску до враќање во Првата лига.
Порече во Македонски Брод ќе игра со екипата на Победа од Валандово, каде домаќинот ќе биде благ фаворит за трите бодови.
Во однос на табелата Кочани е прв со 25 бодови, Вардар е втор со 22 бодови, Билјанини Извори е трет со 19 бодови. Екипата на Плачковица е четврта со 13 бодови, Порече е петти со 10 бодови. Екипата на Победа од Валандово е шестта со шест бодови, потоа следува дебитантот Слободен со три бода и Борец кој е последен со еден бод.
Александар Ванев, М-Нет