„За нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнаа од околу 3 милиони денари на 39 милиони денари. За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари“, велат од Левица Аеродром.
„Најпоразително е што училиштата не трошат пари за апсолутно ништо и целото тековно работење се финансира преку „донации” од родителите на учениците.
Кога трошоците за целото тековно работење паѓаат на грбот на родителите, како е возможно училиштата секоја година да трупаат долгови?
Каде се трошат парите“, прашуваат од Левица Аеродром.
Текстот Левица: Успесите на Митески – училиштата во Аеродром должат 39 милиони денари е превземен од МАКФАКС.