Куманово во финишот му откина бодови на Еуромилк ГЛ, БВК Коњаре загуби од Фортуна

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија | АРХИВА

Ланскиот шампион Куманово му откина бодови на некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ во 92. минута за конечни 4:4. За домашниот тим двоен стрелец беше Златковски, а по еден гол постигнаа Стевчевски и Шерифи, а за гостинот стрелци беа Бакијов, Анчевски, Исмаиловски и Митров.

Кадино со минимални 0:1 славеше над Пчиња со голот на Попоски, а пак Академија Илинден и Башкими Љуботен ремизираа играјќи 1:1. За домаќинот погоди Мурати, а за гостинот Авдулаи.

Ржаничино со 1:3 славеше над Њу Старс преку пресврт со погодоците на Колевски, Лазев и Спасевски, за домаќинот погоди Ѓорѓијев.

Аеродром ремизираше (2:2) против Беса ВлазримиБ. Фетаи погоди за 0:1 за гостинот, а пак Каланоски во вториот дел израмни на 1:1. Бајрами уште еднаш го донесе гостинот до водство, но Киприновски ги постави конечните 2:2.

БВК Коњаре го загуби дербито со Фортуна со резултат од 3:5. За домаќинот двата погоди Алили, а еденаш Јусуфи, а за гостинот хет-три постигна Мифтар, еднаш Азизи, а Јусуфи си постигна автогол.

Колото ќе се комплетира на 30. октовмри со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Риниа.

Александар Ванев, М-Нет