
Малиот Кристијан Стојанов од Пробиштип, кој има само 14 години, страда од сериозна форма на церебрална парализа и се бори со чести, долготрајни епилептични напади кои го погодуваат секојдневно. Тие предизвикуваат огромен стрес, не само за неговото здравје, туку и за целото семејство. Посебно тежок е товарот за неговото помало братче, кое е секојдневен сведок на болката и страдањата на својот брат.
За да се спаси животот на Кристијан и да му се обезбеди шанса за нормален живот, потребен му е итен оперативен зафат во Турција, кој чини 36.000 евра. Операцијата е неопходна за намалување на интензитетот на нападите и подобрување на неговото здравје, но трошоците се огромни, а семејството немат доволно финансиски средства за да ја покрие оваа потреба.
Секој ден се потпираат на добросостојни граѓани и хумани луѓе кои ќе помогнат да се соберат средства за неговото лекување.
Семејството апелира до хуманите луѓе и сите кои можат да помогнат, да донираат средства и да му дадат на Кристијан шансата за живот.
Иван Митев, М-Нет