
СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.В.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.06.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин и марихуана.