Кривична за жена од Берово, пронајдена ловна пушка во нејзиниот дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Т.(68) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.03.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената, при што е пронајдена и одземена ловна пушка, без одобрение за поседување издаден од надлежен орган.