
По повеќе од 30 години кал и прашина асфалт доби крак од улцата Ванчо Китанов во штипската населба Сењак 4. Активностите на терен за припрема за асфалтирање на улицата започнаа пред еден месец, а ова е едно од барањата на тамошните жители кои долги години газеа кал пред нивните влезови. Пред камерите на М-Нет телевзија велат дека се задоволни од направеното на терен.
„Друго е кога се стави асфалтче. Онака беше кал, земја, заврне дожд – сега е како што треба да биде. 40 години беше во лоша состојба.“ – велат жителите.
Асфалт се нанесе на површина од 300 метри квадратни, а инвестицијата е вредна 300 илјади денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип. Крак на улицата Ванчо Китанов е една во низата улици мапирани од страна на Локланата власт во Штип за реконструкција со што граѓаните добиваат подобри услови за живот.
Лаура Стојанова М-Нет