„СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД. Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење.
Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција.
На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава.
Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција.
Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер.
Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД?
Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе.
Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД“, прашува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.