
Кошаркарите на Соколи од Штип ја започнуваат мисијата за влез во Првата лига, утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип против Бутел го играат првиот меч од четвртфиналето, а клубот денес одржа и прес-конфенреција пред утрешниот натпревар со Бутел.
Соколи во регуларниот дел заврши на третото место, а пак Бутел заврши на шестата позиција. Целта на клубот е влез во Првата лига.
„Прво би сакал да изразам голема благодарност на вас како медиуми, на сите медиуми коишто оваа година многу коректно нашиот клуб и придонесоа за развој на кошарката во овој град и да достигне голема популарност на овој спорт и на нас да ни даде задача да одиме во повисок ранг на натпревари. Имаме амбиции, нормално, значи во текот на првенството го освоивме третото место, можеби малку затаивме но, сепак и ова е место кое ни гарантира една успешна плеј-оф серија. Се надеваме дека ќе ги исполниме очекувањата на сите наши навивачи“, вели Љубе Здравков, претседател на КК Соколи.
Екипата на Соколи е подготвена за утрешниот меч против Бутел, повредите на кај некои играчи се санирани, а противникот е анализиран.
„Во однос на утрешниот натпревар трениравме добро овие две недели, имавме неколку повредени играчи, неколку заморени бидејќи ростерот е малку пократно во однос на тоа што би требало да биде. Ги саниравме повредите го анализиравме противникот, имаме доста добар противник меѓутоа мислам дека ако играчите со поддршка од публиката се држиме до тоа што сме се договориле дека победата ќе остане во Штип“, вели Тоше Димиќ, тренер на КК Соколи.
Искусниот Никола Караколев вели дека екипата е максимално подготвена, а ги очекува тежок натпревар.
„Јас можам да кажам дека нашата екипа е максимално подготовена, не’ очекува тежок натпревар против екипата на Бутел. Се надевам ако го испочитуваме тоа што го трениравме цела недела, мислам дека нема да имаме никаков проблем со Бутел. Нормално тоа е јака екипа со поголем ростер на играчи, сепак ние мораме да сме свесни дека цела година се боревме за да дојдеме до оваа. Моментално сега е најважното со добар игра со максимална посветеност дека многу лесно ќе одиме во втора фаза“, рече Никола Караколев, кошаркар на КК Соколи.
Натпреварот ќе се игра во со почеток од 19 часот, а кошаркарите очекуваат и бараат поддршка од штипската публика и навивачите со цел да им бидат ветер во грб и да дојдат до триумф на првото соочување, па со позитивен резултат да заминат на вториот меч против Бутел во гости.
Во четвртфиналето покрај Соколи со Бутел, ќе се соочат Маџари со Охрид, Ангели ќе игра со Борец Баскет, а пак Црн Дрим против вториот тим на МЗТ Скопје.
Александар Ванев, М-Нет