
Околу 300 хектари од градското подрачје на Кочани и селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари се опфатени со првото прскање против комарци од земја кое се реализира викендов.
За третманот против комарците се користи препратот аква к-отрин со активната супстанција делтаметрин, широкоспектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Прскањето го врши екипа од „Центарот за јавно здравје“ – Кочани.