Корнишоните во центарот на вниманието на пазарот во Штип, граѓаните подготвуваат туршија

Корнишоните денеска на пазарот во Штип во центарот на вниманието, се бараа и купуваа уште рано изутрина. Пред се граѓаните ги купуваа заедно со останантите производи за туршија, како што се морковоот, карфиолот и слично. По цена од 60 денари за килограм се трошеа најмногу. Пазарџиите задоволни од денешниот пазарен ден. Велат на крај на месецот не можат да очекуваат повеќе. Дополнително додваат дека цените на производите се повисоки бидејќи се намалува производството, а тоа влијае врз самата побарувачка.

„Побарувачката е одлична, цените се малку високи оти нема производство. Најмногу се бара ајварската пиперка и производите за туршија, Јас имав 700 килограми корнишони имам уште пет вреќи. Оние се по 60 денари килограм. “ – велат продавачите.

За купувачите и денеска изгор скапо. Цените високи, но секој согласно своите примања мора да издвои по некој денар за овојше и зеленчук, производи за зимница и слично. Велат ако некогаш купувале полни кеси, денеска само килограм или два колку за проба.

„Скапо е, изгор. Со нашите пензии не се издржува. Се купува пипер, домати, производи за лутица.“ – велат купувачите.

Освен корнишоните и останатите производи за туршија, и денеска се уште се трошеше ајварскара пиперка, а на листата најбарани производи беа и пиперот за пржење, доматите и сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет