
И без пари и без огревни дрва остануваат граганите на Штип и Кочани како и останатите градови од источниот регион, повторно наседнувајки на лажните ветувања од непознати лица кои од врата на врата нудат продажба на дрва за огрев. Од утре старува новата грејна сезона, а граганите наместо навремена достава на дрва добиваат лажни ветувања.
Во полициската станица Штип пристигнуваат пријави за изнмами во континуитет. Во обиодот да добијат поефтини дрва за огрев жителите стапуваат во контакт со нелегални продавачи на огревни дрва. Оваа пракса ја применил и 24 годишен штипјанец кој со продавач на дрва воспоставил контакт преку социјална мрежа фејсбук и договорил купување на 4 кубни метри. Продавачот на огревни дрва му доставил жиросметка на купувачот кој извршил уплата, но доставата никогаш не ја добил.
Вчера околу 15 часот дрвокрадците кои продаваат дрва биле причина за жестока расправија помегу сопружници кои првично се договарале со лице кое им нудело огревни дрва. Додека сопругот заедно со продавачот заминале во штипска населба со цел да го согледаат квалитетот на дрвата кои дополнително ке им биле доставени, другиот соучесник во измамата се вратил кај сопругата на измамениот со образложение дека веднаш ттреба да плати, од жената земал 13.000 денари.
Полицијата ги расчистува последните случаи, но се поизвесно е дека оштетените нема да си ги добијат парите назад, бидејки и самите тие учевствивале во нелегалните купопродажни активности.
Маре Стојилова М Нет
Дарко Лазев М Нет