
Командирот на ТППЕ Штип, Тони Атанасов од денеска со нова работна позиција. Имено, денеска со решение од командир е прераспределн на работно место курир во Општина Штип. Ова на прес конференција го истакнаа Советниците од СДСМ во Советот на Општина Штип, прашувајќи го градоначалникот Јорданов, дали и до кога партиски ќе се вработува.
„Го прашуваме градоначалникот Јорданов кога најави дека на штета на граѓаните нема да асфалтира улици и патишта зошто планира да врботи нови лица во општината? Иако ова е реторичко прашање и јавноста знае дека со овој потег целта на Локална власт е полнење на институциите со партиски послушници, Јорданов е должен да одговори зошто претходно со закани и уцени, незнаконски промени директори на училишта. После дисциплинската постапка за командирот во ТППЕ Штип со која не ја остварија целта затоа што беше тендециозна и неиздржана, револтирани преминаа кон друга одмазничка постапка со што денеска истиот тој добил решение за распределба на ново работно место, односно курир во Општина Штип“ – кажаа од СДСМ.
Од кабинетот на градоначалникот Јорданов во писмено соопштение истакнаа дека не сакаат да навлегуваат во обидите за партиски препукувања на опозициските советници. Но, истовремено потсетија на неколку точки.
„Прво началниот план за вработување на Општина Штип, изготвен од претходниот градоначалник имаше предвидено дури 12 нови вработувања, додека со новите измени на истиот се намалуваат на 6, со што се укинуват претходно планираните места за вработување. Територијалната противпожарна единица Штип до сега беше раководена на незаконски начин, со незаконско решение, затоа општината формираше Комисија за да ја утврди состојбата и да се испарви долгогодишната неправда која се случуваше таму, а беше посочена од незвисниот синдикат на пожарникари.“ – напишаа од општината.
Со ова тие резимираат дека обидите за оцрнување на процесите кои ги враќаат законските прописи на врвот од агендата на Локалната самоуправа нема да имаат позитивен одзви во јавноста.
Лаура Стојанова М-Нет