Колку рационално е искористена геотермалната вода во Кочани и Штип?

Над 10 соби, неколку туш кабини, две општи бањи, вода со температура од 50 до 62 степни, како и привилегии за пензионерите. Ова се само дел од услугите кои ги нуди Бања Кежовица во Штип, но и покрај се термалните води ниту се доволно искористени ниту пак има замисла како истата порационално да се искористи. Водата се користи во комплексот Кежовица, а незјината лековитост ја користат лица со ревматизам, нервен систем, дијабет, висок крвен притисок. Бањата ја посетуваат и луѓе кои имаат заболување на коските.

„Термалната вода се користи во двете бањи, имаме општа женска и општа машка бања, иамме 15 тушеви и три кади. Температурата на водата е од 50 до 62 степени, зависно тоа варира. Бањата Кежовица располага со 13 соби кои имаат 32 легла. Да напоменам дека секој вторник за пензионерите е влезот бесплатен, цената на билетите е 80 денари, а пензионерите исто така имаат попуст за нив цената е 50 денари“ – вели Сулев.

И во Кочани ситуацијата со искористување на геотермалната вода е речиси идентична како во Штип. Освен што оваа вода се користи како реагенс за загревање на три училишта во Кочани и неколку приватни објекти, друга функција речиси и да нема. Градоначалникот Папазов потенцираше дека се прават напори оваа вода со која располага Кочани да се искористи што е можно порационално.

„Геотермалната вода од страна на корисниците се користи во моментот за две намени, за загревање на капацитетите од оранжериските комплекси и за загревање на три училишта во Кочани. Од училиштата продолжува да се искористува оваа вода, и си ги плаќаат своите сметки. Во делот на приватниот бизинс сектор имаше најави дека нема да се користи заради драстичните случувања и утврдувањето на цената. “ – вели Папазов.

Во меѓувреме цената на геотермалната вода во Кочани неколку пати до сега претрпува промени, а според Папазов станува збор заа усогласување на цените со потребите на ЈП Водовод Кочани.

Лаура Стојанова М-Нет