Колиби, пчеларници и дел шумска површина целосно изгореа во пожарот што го зафати Драгински рид, над беровско Русиново

Колиби, пчеларници и дел шумска површина целосно изгореа во пожарот што го зафати Драгински рид над село Русиново во Берово. Огнот зафатил дабова и буковат шума, изјави Димитар Бошевски, командир на ТППЕ Берово. Како што рече тој во својата изјава, огнот е изгаснат од две страни со помош на надлежните служби, а во моментот се гасат и останатите две.

,,Oд две страни е целосно изгаснат, од две стрнаи го држиме под контрола. Голема површина зафати. Значи пожарот над село Русиново, месност викано Драгински рид. Има многу суве вегетација, трева, дабова и букова шума. Квалитетна шума. Порано таму биле колибите, сега има пчеларници. Повеќето од нив изгореа, дел од нив спасивме. Хелихоптери од АРМ и МВР дејстувва вчера. Претходно дејствува авионо од дирекцијата за заштита и спасување. Се разбира бецме клучени и ние, населението, активно и шуманство стопанство берово, доброволни друштва од Пехчево.“, истакна Бошевски


Eкипи и денеска се вклучени во гасењето на останиот дел од пожарот, додаде Бошевски. Потенцираше дека ризичните делови се ставени под контрола, а најбрзу што може ќе биде ставен и останиот дел.



Како што повторно потенцираше командирот на ТППЕ Бервоо, Димитар Бошевски и останиот дел од пожарот се очекува да биде ставен под контрола, а простор за паника нема. Како што рече, ризичните делови се целосно изгаснати.

Иван Митев, М-Нет