Кога иселениците се враќаат дома, се полнат и трпезите и срцата

Со полни трпези, отворени врати и широки насмевки, многу семејства во Македонија се подготвуваат да ги пречекаат своите најблиски кои летово се враќаат од странство. За голем број иселеници, летните месеци се можност повторно да се соберат со роднините и пријателите и да поминат време во родниот крај. Граѓаните велат дека најважно е повторно да се биде заедно, без разлика дали средбите ќе бидат на домашна трпеза, во дворот или со заедничко дружење. Дел од нив истакнуваат дека животот во странство носи подобра заработка, но и многу работа и откажувања, па затоа секое доаѓање дома има посебна вредност.

„Остави ме, не ме интересира дали ќе доваѓаат или не. Бидејќи не ги сакам, многу се чепатат. Горе живеат во гаражи, во срушени куќи, овде доваѓаат продаваат чушки со куќи, со станови. Не го прикажуваат она вистинското горе како живеат и работат. Ние кога ни дојдат на гости гастербајтерите и душата ќе ја извадиме, кај нив кога отидеш има некој ќе те прачека, некој ќе те исцеди, на тебе ќе стави чаша пиво, на него ќе си стави цело шише.“

„Јас бев некаде околу 15 години надвор од државата бидејќи овде нема егзистенција, морав. Па не е баш добро, но некако како што реков се снаоѓаме. Секој на свој начин.“

И додека едни говорат дека животот на страна не е сјаен и дека и самите живееле во странство долги години, други велат дека најмилите ќе ги пречекаат со жирока насмевка, топла прегратка и гласна музика.

„Имаме пријатели, поседиме, засвириме на гитара. Таму многу работа, велат.“

„Ќе ги пречекам дома. Среќни сме, среќни сме.“

Иако многумина одамна го изградиле својот живот далеку од татковината, родниот праг останува местото каде секогаш се враќаат со посебни емоции. А токму тие неколку летни денови исполнети со семејни средби, спомени и заеднички мигови се доволни повторно да ја разгорат надежта дека домот никогаш не се заборава.

Дајана Сандева, М-Нет