
Две новопримени лица на Инфективното одделение регистрирани во текот на изминатото деноноќие, но овој пат дома си заминале десет пациенти. Според извештајот од болницата бројот на хоспиталиизрани е намален, односно на болничко лекување се 43 лица, 38 на Инфективното и пет на Кожното одделение, како и седум пацинети на дневна амбуланта. Регистрирано е едно починато лице како компликации од корона вирусот на 78 годишна возраст од Радовиш. Од хоспиталиизраните 36 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 15 лица. Моментално слободни се 24 ковид кревети, 19 на Инфективното и пет на Кожното одделение, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница и денеска се бележи благ пораст во бројот на хоспиталиизрани пациенти на Интерното одделение. Во последните 24 часа новопримени се двајца пациенти, оздравени нема. Со ова бројката на хоспитализирани е девет од кои шестмина се вакцинирани, а три лица имаат потреба од кислородна поддршка, информираат од болницата.
Благ пад бележи и вкупниот број на активни ковид случаи во општините од Истокот. Корона позитивни се 566 пациенти, од кои најмногу во Штип 199 и во Кочани 132. Во останатите општини од источниот дел од државата бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Македонска Каменица и Пехчево каде активни се по 19 ковид случаи.
Според информации од Министертсвото за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.
Лаура Стојанова М-Нет