КК Соколи од Штип со три парични казни – фрлање на тврди предмети, неспортско навивање

Во најновиот билтен на Кошаркарската федерација на Македонија се најде кошаркарскиот клуб Соколи од Штип со три парични казни.

Како што е наведено во самиот билен, штипскиот клуб е парично казнет со 24.000 денари поради фрлање на тврди предмети, додека пак со 8.000 денари КК Соколи се казнува за неспортско навивање.

„Екипата на КК Соколи 1933 за фрлање на тврди предмети по член 55.3 се казнува со парична казна во износ од 24.000,00 денари. Екипата на КК Соколи 1933 за неспортско навивање по член 55.6 се казнува со парична казна во износ од 8.000,00 денари“, се вели во билтенот.

Покрај тоа како што се наведено во самиот билтен на кошаркарската федерација штипскиот клуб е казнет и со дополнителни 2.000 денари.

„Екипата на КК Соколи 1933 досудена Т.Г. на клупа по член 56.2 се казнува со парична казна во износ од 2.000,00 денари“, се наведува во билтенот.

Овие одлуки се однесуваат за 11. коло, во кое Соколи на домашен терен во Штип играше со Бутел, меч кој штипјани го добија со 74:62.