Каровски: Предвидуваме целосна замена на азбестните кровови на јавните објекти под Локалната самоуправа

Освен азбестни цевки акцент на азбестните покриви ставаат од коалицијата ЛДП ДОМ. Носиителот на Советничка листа, Мартин Каровски истакна дека предвидуваат целосна замена на азбестните кровови на јавните објекти под Локаната самоуправа, почнувајќи од основнто училиште „Димитар Влахов“ во Штип.

„Денеска во присуство на кандидатите за советници градежниот инжињер Владимир Бутлев и инжињерот за животна средина Горан Варадинов ставаме акцент на тоа дека како и за азбестните цевки така и за азбестните кровови 16 години по целосната забрана за употреба на оваа материја во ЕУ, во Општина Штип се уште постојат јавни објекти кои имаат канцерогени азбестни кровови, а меѓу нив има и училишта во кои со генерации учат стотици деца. Предвидуваме целосна замена на азбестните кровови на јавните објекти под Локалната самоупрва, а почнувајќи од ООУ „ Димитар Влахов“ во населбата Сењак. Како Локална самоуправа ќе бидеме иницијатор за законски измени во кои ќе се олесни употребата на фотоволтаици за училишните кровови, а секое училиште ќе добие и соларни панели за топла вода. Училиштата кои немаат ПВЦ прозори ќе ги добијат, а ќе добијат и топлотна изолација со што токму основните училишта ќе бидат први енергетски ефикасни објекти во општината“ – истакна  Мартин Каровски

Со ова општината на долгорочен план ќе биде финансиски растеретена од трошоците за електрична енергија и греење, додаде Каровски.

Лаура Стојанова М-Нет