Карбинци убедливо го отвори пролетниот дел, Слога на Грнев убедлива, без победник во Турново!

Денес беше отворен пролетниот дел во Трета лига – Исток со мечевите од 10. коло, каде Карбинци однесе убедлива победа од 1:4 на гостувањето во Пирава кај Ударник.

Тенекеџиев погоди за домашниот тим, а потоа со головите на Стојанов, Илиевски, Соколов и Петров преку пресврт Карбинци однесе висока победа.

Светлост Зрновци со двата гола на Шуманов обезбеди победа над фаворитот Овче Поле од 2:0 со што трите бодови останаа во Зрновци.

Реми од 2:2 во Турново на „Кукуш“ меѓу Хоризонт Турново и Дојранско Езеро. Гостинот имаше предност од два гола преку Иванов и Илиев, а домашниот тим преку Димитриев намали на 1:2, а во 95. минута се спаси од пораз со голот на Јанев.

Во Делчев паднаа пет гола за триумф од 3:2 за домашниот тим, Брегалница беше подобра од струмика Тиверија.

Петровски, Ратков и Дојчинов беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот погодија Пандевски и Ѓеоргиев.

Слога Виница предводена од штипскиот стратег Емил Грнев со убедливи 8:0 го декласираше Малеш од Бероов, во меч акде Петковски постигна четиригола, а по еден постигнаа Илиев, Амедов, Ѓорѓиев и Николовски.

Слога Виница има 27 бодови, десет повеќе од Овче Поле и Брегалница кои го делат второто место.

Александар Ванев, М-Нет