Капитенот на Детонит Плачковица, Оливер Христов е најново засилување за Воска Спорт

Воска Спорт продолжува со квалитетни засилувања за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига.

Охриѓани денес го промовираа Оливер Христов како најново засилување, а 26-годишникот доаѓа од редовите на Детонит Плачковица.

Станува збор за корпулетен играч кој во минатото настапуваше за штипска Брегалница, Саса, Победа, Кит Го од Пехчево, Тиверија и Хоризонт Турново од каде и ја започна кариерата.

Христов беше клучен играч во играта на Детонит Плачковица, екипа која во есенскиот дел беше хит во ВМФЛ.

Воска презимува на третото место на табелата со 34 бодови, а во пролетниот дел влегува со цел освојување на првите две места кои водат во Прва лига, со што Воска би направиле историски успех.