
Ланскиот второлигаш Каменица Саса ги започна подготовките за новата сезона со една цел, експресно враќање во Втората македонска фудбалска лига, откако „рударите“ минатата сезона испаднаа во Трета лига регион 3.
И во новата сезона Каменица Саса ќе биде предводена од тренерот Сашо Велиновски, а претседателот на клубот Дејан Митревски, ги соопштени плановите и целите на клубот за сезона 2026/2027.
„Рударите“ се засилени со тројца фудбалери, од Осогово во пакет пристигнаа Стојанче Тренчев и Марко Соколов, а од делчевска Брегалница пристигна Христијан Крстов, додека пак тимот реактивираше неколку фудбалери меѓу нив и Марјан Велиновски, Ален Миленковски, Леонид Стоиловски и Никола Јовановски, додека пак во тимот ќе бидат и Филип Николовски, Лазар Стојановски, Петар Митревски, Матеј Петрушов, Александар Митевски, Никола Коцевски, Мартин пауновски, Христијан Мирчевски и Христијан Атанасов.
До крајот на летниот преоден рок кој се затвара на 6 септември, „рударите“ ќе се засилат со уште неколку засилувања за комплетирање на ростерот за новата сезона.
Тимот ќе мора максимално одлично да се подготви, но и да се засили, бидејќи следуваат тешки натпревари и борба за секој бод, бидејќи во конкуренцијата за првото место кое води кон баражот за Втора лига има неколку конкуренти.
Александар Ванев, М-Нет