Како ќе изгледа новата сезона во кошаркарската елита на Македонија?

Кошаркарската елита на Македонија во новата сезона ќе биде застапена како Суперлига, што значи ребрендирање на истат за новата сеозна 2025/2026. Во истата ќе настапат 12 екипи, но тоа ќе биде последната сезона со ваков формат, бидејќи како што веќе информираше М Нет телевизија истата ќе се скрати на десет екипи од сезона 2026/2027 со цел поголема конкуренција.

Во новата сезона од сега веќе Суперлигата ќе настапат МЗТ Скопје кој е актуелен шампион, потоа најтрофејниот Работнички, ТФТ, МКК Куманово, Кожув, Пелистер, Чаир, Феникс, Тиквеш Голден Игл, гостивар, повратникот Ангели како и дебитантот Маџари.

Минатата сезона од лигата испаднаа Шкупи и Вардар кој се сегат во еден ранг понизок.

МЗТ Скопје е актуелен шампион кој ќе го брани тронот, а клубот од Аеродром има 11 титули, најтрофеен е Работнички со 15 титули, Тиквеш има три титули, а по една имаат Струмица и Гостивар.

Поради кратењето на лигата со новите пропозиции треба да биде утврдено колку екипи ќе испаѓаат од кошаркарската елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет