
Дел од жителите на улицата Черења во Штип вечерaвечер беа оставени без електрична енергија, откако силниот ветер предизвика запалување на кабел на една од бандерите, кој дополнително направил пожар. Според очевидцте, кабелот започнал да фрла искри, по што брзо се запалил, предизвикувајќи паника кај жителите. По пријавата, на местото на настанот пристигнале екипите на Противпожарната единица Штип и ЕВН. Пожарот бил локализиран, а кабелот прекинат, по што ситуацијата изгледала под контрола. По нивното заминување, на изненадување на присутните, кабелот повторно започнал да гори. Очевидците раскажуваат
Жителите со голема страв раскажуваа за настанот, истакнаа дека и тие помагале во гасењето
Во согласност со ситуацијата, нашата телевизија веќе испрати барање до “Електичниот дистрибутор Евн за официјален одговор. Во моментов се чека реакција од нивна страна, по што ќе следува дополнителна информација.
Иван Митев, М-Нет