И годинава нема да се одбележи штипската традиција „Четрсе“

За неполна недела ден треба да се одржи познатата традиција за штипјани „Четрсе“. Оваа манифестација со искачување на Исарот, ракување со 40 луѓе кои ќе ги сретнете и низа други активности поврзани со празникот „Свети 40 маченици“, годинава ќе биде изоставена. Заради пандемијата градоначалникот на Општина Штип, Николов, но пред се и како доктор истакна дека ќе се поднесе предлог овој настан да биде изоставен.

„Мислам, не мислам туку и ќе го предложам тоа на Кризниот штаб, „Четрсе“ нашата штипска традиција, вековна традиција ја сопреме оваа година, односно не ја сопираме туку нема да се организира со цел да не направеме кластер.“ – истанка Николов.

Вековната традиција за штипјани „Четрсе“ не се одбележа  ниту минатата година кога пандемијата беше на самиот почеток. Годинава неговото одложување е со цел да не се направи нов корона кластер.