
Италија, Словенија и Хрватска најчестите дестинации за сезонска работа кои ги посетуваат граѓаните. Некои работат по три месеци, но повеќето од нив одлучиле својот живот да го поминат во некоја друга држава, а овде доаѓаат само повремено. Со децении егзистенцијата ја бараат надвор од границите на државата, и покрај тоа што и таму се работи на високи температури, изложени на сонце, работат во земјоделие, но сепак за повеќе пари, велат анкетираните за М-Нет телевизија. Додаваат дека на секое патување автобусите се полни, постојано толпа луѓе заминуваат надвор од нашата држава за подобар живот.
„На работа,гости треба да имаш пари за гости. Работиме земјоделие. Исто и на нас ни е тешко на сонце сме како и вие сега. Таму сме подолго време, може и во години да кажуваме, 15 години. Младите па таму се нема тука, нема ги тука секој се бори за подобро.“ – велат граѓаните.
Освен на работа има и такво кои заминуваат на гости, но на гости кај нивните деца кои заминале од државата за подобри услови за живот. Повозрасните анкетирани граѓани кои беа дел од толпата луѓе кои заминуваа, велат дека тие се овде, но нивните деца не.
„За Пјаченца Италија. На гости кај синот и снаата. Па зависи три месеци тука сме три месеци одиме таму и тоа. Одам почесто децата ми се таму и одам почесто, најмалку шест пати во годината. Епа има младите се иселиа, млади нема веќе.“ – додаваат граѓаните.
Инаку, голем број млади, но и повозрасни граѓани кои работат сезонски во некој странска држава заминаа на работа уште пред неколку месеци.
Лаура Стојанова М-Нет