Искусниот Бафто главен во Тетово, Смоквоски ќе им суди на Беласица и Саса, Трчевски главен во Кочани

Делегирани судиите за 24. коло од Втората македонска фудбалска лига, кое се игра утре. Сашко Ристов ќе биде главен на мечот меѓу Охрид и Новаци, Кирил Смоквоски ќе им суди на Беласица и Саса, Стојанче Трпчевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Осогово и Детонит Плачковица.

Игор Стојчевски ќе биде задолжен за правдата меѓу Победа и Кожуф, Игор Иванов ќе им суди на Башкими и Караорман.

Искусниот Фатмир Бафто од Охрид ќе им суди на Тетекс и Вардар Неготино, Миле Лазов ќе им суди на Беса и Скопје, а пак Христијан Божиновски ќе им суди на Пелистер и Арсими.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 24. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Охрид – Новаци, Сашко Ристов(Струмица)
Беласица – Каменица Саса, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Осогово – Детонит Плачковица, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Победа – Кожуф, Игор Стојчевски (Скопје)
Башкими – Караорман, Игор Иванов (Велес)
Тетекс – Вардар Неготино, Фатмир Бафто (Охрид)
Беса – Скопје, Миле Лазов (Неготино)
Пелистер – Арсими, Христијан Божиновски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет