
Електронското пријавување за новите средношколци е започнато од 16 јуни, а од утре учениците своите документи можат физички да ги дотават до училиштата во кои ќе аплицираат, посочуваат директорките на средните училишта. Доставата на документи до училиштето со физичко присуство ќе трае од 20 до 25 јуни. Истакнаа дека на 26 јуни од училиштата ќе се објават кончените резултати, што значи дека на тој ден учениците ќе имаат можност да ја видат ранг листата.
“Веќе е во функција електронската апликација за пријавување на деветто одделенците, а на 20-ти ќе можат да дојдат и во нашето училиште, каде што ние ќе им помогнеме. Aко некој не успеал да се пријави сам дома, ќе ги провериме документите и веќе влегуваме во една убава и интересна фаза на уписи, каде што ги испраќаме матурантите, меѓутоа со нетрпение ги очекуваме новите ученици. Тоа се свидетелства од основно образование и извод кој што не мора да е нов и истиот може да е со стара важност. “- додава Шалева
Директорките на средните училишта истакнаа дека со нетрпение ги очекуваат новите ученици кои за прв пат ќе седнат во средношколските клупи. Додаваат дека сите оние ученици кои ќе се соочат со било каков проблем при електронското пријавување да се обратат во училиштата каде ќе им биде укажана помош при уписите.
“Покрај државната матура, ние веќе започнуваме и со уписот на ученици во прва година. Системот за елктронско пријавување eu uslogi.mon.gov.mk е отворен од 16 Јуни, а веќе од 20 Јуни, учениците ќе можат целовкупната документација да ја достават во училиштето и овој уписен рок трае од 20 до 25 Јуни. На 26 Јуни ќе бидат објавени конечните резултати од страна на училиштето.Медицинска сестра, забен техничар, фармацевски техничар, физео-терапевски техничар и гинеколошко-акушерска сестра. “- вели Николиќ
Сите ученици кои ќе се пријавуваат во средните училишта важно е да ги приложат свидетелствата од основно образование и извод на родени. Инаку сите ученици кои на 26 јуни нема да се најдат на ранг листата на примени ученици, може да аплицираат и на 1 или 2 јули.
Лаура Стојанова, М-Нет