
На вториот ден од кампањата свое претставување на кандидатот за градоначалник и советничката листа имаа и од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Караванот на кандидатот за градоначалник на општина Штип, Иван Јорданов, започна попладнево во Ново Село. Јорданов пред новоселци ги изложи својата програма и проекти за оваа населба.
„Караванот на ВМРО ДПМНЕ и победничката коалиција за обнова на Македонија денеска започнува со организација на мини – митинзи од легендарното Ново Село. Целта на мини – митинзите е да ја претставиме изборната програма на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и победничката коалиција за обнова на Македонија, Иван Јорднов“, рече Душко Иванов, член на советничката листа од ВМРО ДПМНЕ.
„Оваа вечер ќе поразговараме со новоселци, со моите сограѓани. Тоа е местото од каде што јас потекнувам и живеам. Посебна чест и задоволство е да поразговараме со моите комшии, роднини, пријатели, да ги презентираме нашите проекти, решенија за секојдневните потреби на нашите сограѓани и да го направиме Ново Село достоинствено место за живеење. Ново Село да биде место со кое што ќе се гордееме сите, но исто така, ќе привлечеме и луѓе од страна, коишто ќе доаѓаат и ќе се запознаат со богатата историја, култура и она што значело Ново Село во минатото и што ќе значи во иднината“, истакна Иван Јорданов.
Јорданов најави средби со граѓаните во секоја населба во Штип во текот на наредните денови. Целта е, како што рече тој, граѓаните до 17 октомври да се запознаат со она што тие го нудат во нивната програма.
Ребека Спасова МНет