
Штипскиот стратег Иван Варадиновски е новиот шеф на стручниот штаб на прволигашот ФК Скопје, кој ќе го предводи тимот во продолжението од сезоната.
Клубот официјално го промовираше новиот стручен штаб, во кој покрај Варадиновски ќе работат и Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ, во улога на помошници тренери.
Интересно е што новиот предводник Варадиновски, како и Настевски, во минатото го носеле дресот на ФК Скопје како фудбалери, а сега повторно се враќаат во клубот, но во нова професионална улога.
Со новиот стручен штаб, ФК Скопје влегува во продолжението од сезоната со нова енергија, а Варадиновски ќе има задача да го предводи тимот во остварувањето на поставените цели.
За штипскиот стратег ова претставува нов предизвик во тренерската кариера по оставката во второлигашот Новаци.