Иванов ќе им суди на Кожуф и Охрид, Ристов на Брегалница и Арсими

ФОТО: М Нет телевизија

В недела ќе се одиграат натпреварите од 12. коло од Втората лига, а веќе се познати и судиите задолжени да ја делат правдата. Марјан Стојановски ќе им суди на Вардар Неготино и Саса, Александар Грујоски на Вардарски и Новаци, а пак Александар Василевски на Осогово и Победа.

Кирил Смоквоски ќе им суди на Скопје и Башкими во Автокоманда, Игор Иванов ќе ја дели правдата на мечот меѓу Кожуф и Охрид, а пак Батмир Бафто ќе ја дели правдата во Источното дерби меѓу Детонит Плачковица и Беласица.

Сашко Ристов ќе им суди на Брегалница и Арсими во дербито на колото, а пак Дени Лековски на Борец и Македонија ЃП.

Натпреварите ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет