
Викендот на програмата се натпреварите од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено в сабота со четири натпревари, а дербито на колото ќе се одигра на Чаир в недела, каде ќе се судрат актуелниот шампион Шкупи и моменталниот непоразен лидер Струга Трим Љум. Правдата на големата дерби пресметка ќе ја дели искусниот Александар Ставрев
Брегалница во рамки на 11. коло од фудбалската елита на Македонија на домашен терен ќе го пречека кратовски Силекс, а овој меч ќе го суди Игор Иванов од Велес.
- Делегирани судии за 11. коло ПМФЛ:
Македонија ЃП – Скопје, Фуркан Идризи (Тетово)
Шкупи – Струга Трим Љум, Александар Ставрев (Скопје)
Победа – Академија Пандев, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Брегалница – Силекс, Игор Иванов (Велес)
Работнички – Шкендија, Стојанче Стојанов (Штип)