Зелка, праз и јапонската јаболка – најбарани, цените во голема мера ќе останат исти до Нова година

Зелка, праз, јапонско јаболко и овој петок беа најактуелни на штипскиот пазар. Производите се продаваа по цена не повисока од минатиот петок, според некои од купувачите, а според други, и по повисоки цени. Лошо е што во маркетите е и уште поскапо, велат тие.

Продавачите, пак, велат дека цените се покачени само на оние производи на кои сезоната веќе им поминува. Меѓу нив се доматите, краставицата и корнишоните. Останатите производи, посочуваат тие, се со реални цени, а задоволни се и од побарувачката.

Продавачите велат дека ваквите цени во голема мера ќе бидат и новогодишни цени, што значи дека не се очекува промена на цените во текот на следниот месец.

Ребека Спасова М-Нет