Зелка ова лето ќе нема најавуваат тажните земјоделците, по големото невреме со град

Зелка ова лето ќе нема најавуваат тажните земјоделците по големото невреме со град, кое направи штети во посадените ниви. Како што истакнуваат тие за нашата телевизија, шетатата е речиси 100 проценти, па дури пристигне новото производството на тезгите на пазарите, ќе помине доста време. Еден од производителите истакна дека ова се случува бидејќи, земјоделците станаа неверници, па ретко се придржуваат кон божјите заповеди.

Земјоделците со тажните ликови истакнуваат дека зелката на тезгите ќе пристигне дури на есен, дотогаш само во мали количини.

Инаку, градот направи голема штета особено во Радовишко, Штипско и Струмичко,каде штетите се особено големи на отворено. Штета нема кај оние, кои се уште произведуваат под фолија.

Иван Митев, М-Нет