Здружението на бивши билечанци годинава на 13. посета на касарната во Билеча

Здружението на бивши билечанци „1/107“ оваа година 13. по ред ќе ја посети касарната Билеча. Со цел да се зачува традицијата на школата, во третата недела од месец јуни секоја година членовите на Здружението ја посетуваат касарната. Во мај ќе остварат средба на членството, односно Годишно собрание на кое ќе се усвои програмата за работа. Здружението брои 180 редовни членови со платена членарина, а претежно се од централниот и источниот дел на државава. За рамномерно членство, Годишното собрание ќе се одржи во некој од градовите од западна Македонија. Дел од активностите на Здружението најчесто се прошетка до планинарскиот дом Вртешка на планината Плачковица и ловечкиот дом „Ловец“, но претежно тоа се активности во природа.

Ребека Спасова М-Нет