Зголемен интерес за упис на УГД – пополнети местата на медицински и педагошки факултет

Над 1.500 студенти се пријавиле на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во првиот и вториот уписен рок. Интересот продолжува и во третиот рок, кој сè уште трае, а во кој досега се пријавени уште над 300 кандидати. Уписот трае и утре, а од УГД велат дека интересот е зголемен во споредба со лани. Конечната бројка на пријавени студенти ќе биде позната по завршувањето на уписите.

„Од првиот и вториот уписен рок имаме пријавени над 1.500 студенти. Од третиот уписен рок, кој се уште трае, досега имаме пријавени над 300 студенти. Уписот ќе трае и утре, а вкупниот број е поголем од лани“, соопштуваат од УГД – Штип.

Како што дополнително соопштуваат од УГД – Штип, пополнети се сите предвидени места на Факултетот за медицински науки, односно на студиските програми по општа медицина, дентална медицина и фармација.

Зголемен интерес се бележи и на Педагошкиот факултет, каде што, според информациите од Универзитетот, исто така се пополнети предвидените места.

Од УГД очекуваат до завршувањето на третиот уписен рок бројот на пријавени студенти дополнително да се зголеми. Конечните податоци ќе бидат познати по истекот на рокот утре.

Иван Митев, М-Нет