
Зголемен бројот на болни и изнемоштени лица кои гласаат во домашни услови. 258 стари и изнемоштени лица плус гласаат денеска во четири општини од Истокот. Гласаат лицата пријавени за првиот круг, а дополнително има и други пријавени стари и изнемоштени лица. Во Штип оваа бројка е зголемена за 50, вели претседателот на ОИК, Виктор Вацев. Во првиот круг гласаа 158 лица, а денеска гласаат 208. Материјалот е навремено дистрибуиран до избирачките места.
„Соогласно роковникот на ДИК за првиот претседателски круг уредно беа пријавенин 158 лица, а истите лица денес ќе можат да го остварат своето право на глас во вториот круг за претседателски и парламентарни избори.Имавме нов рок за пријавување до 30 април се пријавуваа за парламентарни избори. Имаше 54 барања, од кои 4 беа одбиени бидејќи небеа соогласно со упатсвото.“ – додава Вацев.
Од ОИК Кочани велат дека бројката од првиот круг претседателски избори е зголемена за 76 стари и изнемоштени лица. На 24 април на домашна адреса гласаа 170 лица, а денеска гласаат 246 болни и немоќни лица. Плус 61 лице кое гласа во домашни услови има во Делчево. Од ОИК Делчево потврдуваат дека денеска гласаат 220 лица, а во првиот круг своето демократско право на глас го оствариле 159 болни и изнемоштени лица. Во ОИК Берово на листата за гласање во домашни услови се пријавени плус 71 лице, па гласаат 258 а на 24 април гласале 187.
Лаура Стојанова М-Нет