Зголемени цените на есенските производи на пазарите според најновите податоци

Зголемени се трошоците во земјоделството, а есенските производи веќе се присутни на пазарите, каде што цените варираат во зависност од понудата, побарувачката и трошоците за производство. Земјоделците сметаат дека производите ги продаваат евтино, додека за купувачите, колку и да е цената, таа секогаш е висока. Според производителите, актуелните цени се очекувани со оглед на вложениот труд, трошоците и сезонските услови, поради што не гледаат простор за нивно намалување.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во септември 2026 година, во споредба со истиот месец лани, цените на средствата за тековно производство во земјоделството се зголемиле за 8,8 проценти, додека средствата за инвестиции поскапеле за 8,6 проценти. Истовремено, цените на земјоделските производи пораснале за 2,3 проценти, а кај растителното производство зголемувањето изнесува 3,9 проценти.

Ева Тушевска, М-Нет