Зборот „Северна“ во печатот на Општина Штип критикуван од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Незаконски променетиот печат на Општина Штип, кој се користи од 2019 година е газење по достоинството од страна сервила власт, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Оттогаш општината издава невладини документи на кои во печатот стои понижувачкиот збор „Северна“, критикуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

„Не само што не ја испочитуваа волјата на народот, не само што итаат да испорачаат резултати по основ на Преспанскиот договор, туку работат и незаконски и неуставно по промената на името, до денес.
Иако согласно Договорот со Грција, Македонија нема обврска да прави клучни промени во документите, се до отворање на поглавјата за преговори, сепак оваа сервилна власт секојдневно гази врз нашето достоинство. Пример за тоа е незаконско променетиот печат на Општина штип кој се користи од 2019 година.“ – беше дел ос изјавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип ги повикаа надлежните да си ја вршат својата работа и да направат увид во документацијата на општината во изминатите две години. Надлежните со одговор дека доколку сакаат да бидат партиоти најпрво да ги вратат сите паушали кои ги зеле од Република Северна Македонија.

Лаура Стојанова М-Нет